X
press enter »
MK
EN

Информација за заверка на зимскиот семестар за академската 2023/2024

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека запишувањето  на зимскиот  семестар на студии ќе се врши во период од 18 до 22 Септември 2023 година.
 

Студентите се должни во наведениот период физички да достават документација за запишување на семестарот до студентски прашања во просториите на Универзитетот.

Потребна документација за заверка на семестар е достапна во Универзитетската копирница. 

За заверка, студентот задолжително доставува:

  • Уплатница на рата од школарина
  • Уплатница на семестрални трошоци
  • целосно потполнет семестрален лист (лични податоци, предмети кои се слушаат во тековниот семестар задолжителни /изборни, професор на дадениот предмет) 
  • статистички образец ВОИ. 20 
  • задолжително на семестралниот лист да се наведе бројот за таксена марка кој преку СМС го добиваат со порака од број 144166.
  • Потврда од службата за сметководство, која ја подигнувате од шалтерот на службата за сметководство при запишување на семестарот. 

 

Напомена:

Студентите  комплетната документацијата за заверка на семестар да ја достават лично во службата за студентски прашања во периодот од 08:00-15:00 часот, најдоцна до 22 Септември 2023 година.

За задоцнета запишување на семестарот, се наплатува казна за пречекорување на роковите согласно објавениот Ценовник на услуги објавен на веб страната на Универзитетот и огласната табла.

Зимскиот семестар се запишува само со направена уплата за школарина за академската 2023/2024 година според условите и динамиката на плаќање предходно утврдени со договорот за студирање.