X
press enter »
MK
EN

Повик за учество во меѓународен Проект за управување со отпад финансиран од ЕУ

Почитувани студенти,

Ве информираме дека е отворен повик за приклучување на првата Академска работна група на меѓународен „Проект за управување со отпад“. Проектот се спроведува заеднички помеѓу Република Северна Македонија, Унгарија и Австрија, а е финансиран од Европската Унија. Во рамките на проектот предвидени се работилници и обуки, по што секој учесник ќе добие сертификат, како и потврда за пракса.

Целта на Проектот е да се зајакне системот на проширена одговорност на производителите (ПОП) во Република Северна Македонија, пришто ќе се развие целосно нова институција.

Информации за проектот моѓе да се најдат на следниот линк: https://bit.ly/47o6Fdr

Идејата на проектот е да се создаддат нови клучни чинители и затоа придружете се во предизвикот.

Во академската работна група може да се приклучат студентите по:

• право,

• меѓународни односи,

• економија,

• менаџмент,

• компјутерски науки,

• студии за животната средина или други сродни полиња.

Што се нуди:

● Пристап до најновите знаења на меѓународно признаени експерти во сите полиња наведени погоре;

● Можност да учите од најдобрите европски практики и да создадете уште

подобри практики за одржлива иднина и за вашата професионална кариера;

● Темелен увид во релевантна и актуелна тема која може да ви послужи како основа за дипломска или пост-дипломска теза и како професионална поддршка за спроведување на сродни истражувања;

● Да научите како функционира европски проект на секојдневна основа;

● Да добиете сертификат за практикант / благодарница.

Ние сметаме на вашиот придонес во времетраење од околу 2-4 часа неделно со траење до јули 2024 год. со можност за продолжувањe сѐ до завршување на проектот (ноември 2024 год).

Академската работна група ќе бде сочинета од 5-6 мотивирани, креативни студенти посветени на мисијата. Бидете еден од нив!

За да се пријавите, Ве молиме да го испратите вашето CV и кратко мотивациско писмо (од околу 200 збора) на англиски јазик до anastasijaivanova.epr@gmail.com  најдоцна до 24.11.2023 година (23:59 часот.).