X
press enter »
MK
EN

Стартуваше Проектот „Бесплатни веб ресурси за учење на лица со оштетен вид“

На ден 16.10.2012 со почеток во 12 часот, а во чест на меѓународниот ден на слепи,  во конференциската сала на ФОН Универзитет беше одржана првата работилница во врска со проектот „Бесплатни веб ресурси за учење на лица со оштетен вид“, финансиран од УНЕСКО.

На работилницата учество земаа членови од Ректорската Управа на ФОН, кадарот на Факултетот за информатика, претставници на партнерите на проектот, училиштето за слепи лица „Димитар Влахов“ и Сојузот на слепи на Република Македонија, како и претставници на компании кои активно учествуваат во инклузијата на лицата со посебни потреби во општеството.

Со оваа работилница Проектот беше и официјално промовиран од страна на Деканот на факултетот за информатика проф. Д-р Симе Арсеновски, а понатаму модератор на работилницата беше носителот на Проектот – доц. Д-р Славчо Чунгурски.

Во рамките на работилницата беа претставени целите на Проектот, беа одржани неколку презентации од страна на учесниците, беше развиена дискусија за понатамошните активности во врска со Проектот и беа доделени конкретни задачи за самите учесници.

Целта на Проектот е постоечкиот портал http://freelearning.edu.mk  да се поврзе со модулот за синтеза на говор на македонски јазик TTS-MK со што порталот ќе биде достапен за употреба и од страна на слепите ученици.