Се известуваат студентите дека СЕПТЕМВРИСКИ испитен рок ќе се организира во периодот од 12.09.-23.09.2022год. Уплата за испитите ќе се врши во периодот од 29.08.2022 до 02.09. 2022 година. Пријавување на испитите ќе се врши во периодот од 05.09.2022 до 09.09.2022 година.
На Американскиот универзитет на Европа - ФОН, во академската 2022/2023 година можат да се запишат вкупно 1.146 студенти на прв циклус студии на следните студиски програми:.
Американскиот Универзитет на Европа – ФОН во рамките на Факултетот за економски науки ќе ги учи студентите за медиумска писменост, како дел од проектот на УСАИД „Младите размислуваат“.
Нa ден 03.06.2022 петок, во 12:00 часот на платформата Microsoft Teams е закажана јавна одбрана на магистерски труд на кандидатот Благоја Чавкоски на тема: „Транспилери, нова генерација преведувачи на виши програмски јазици и нивна споредба со класичните компајлери, преку примерот на Google Web Toolkit“.
Се известуваат студентите дека ЈУНСКИ испитен рок ќе се организира во периодот од 13.06.-24.06.2022год.
Почитувани студенти, Ве известуваме дека втор колоквиум од летен семестар ќе се одржи од 30.05-03.06.2022 година.
На 16.04.2022 година успешно се реализираше еднодневната online обука по академско пишување. За обуката се пријавија студенти од сите факултети на АУЕ-ФОН Универзитетот. Обуката се реализираше на платформата Teams и ја следеа вкупно 31 студент, од над 40 пријавени.
На 20 април 2022 година (среда) со почеток во 17 часот, на Microsoft Teams платформата е закажана одбрана на дипломски труд на студентката Катерина Марковска на тема „Улогата на повратната информација во унапредувањето на јазичните компетенции на ученикот“. Ментор - Виш лектор м-р Габриела Неделкоска.
Се известуваат студентите дека мајски вонреден испитен рок ќе се организира во периодот од 03.05.2022-09.05.2022 година.
На ден 19.04.2022 година (вторник) на платформата Microsoft Teams е закажана јавна одбрана на дипломска работа на кандидатот Јасмина Османоска на тема „Комуниколошки техники на писмено изразување“.
Почитувани апсолвенти, Ве известуваме дека фотографирањето за апсолвентско табло ќе се одржи во просториите на АУЕ - ФОН според следниов распоред:.
Почитувани студенти, Ве известуваме дека прв колоквиум од летен семестар ќе се одржи од 11.04-15.04.2022 година. Уплата за колоквиум е од 01.04-06.04.2022 година. Пријавување на колоквиумите е од 01.04-07.04.2022 година.
Повик за учество на еднодневна online обука по академско пишување која ќе се одржи на 16.04.2022 година. На оваа обука може да се пријават студенти кои се во завршна година на студии, прв и втор циклус на студии од сите факултети во рамките на АУЕ-ФОН Универзитет. Пријавувањето е до 14 Април 2022 на e-mail адреса: sejdefa.dzafche@fon.edu.mk.
Повик за учество на еднодневна online обука која ќе се одржи на 21.04.2022 на тема : Политичка партиципација на граѓаните и граѓанските организации. На оваа обука може да се пријават заинтересирани студенти од сите факултети во рамките на ФОН Универзитет.
Нa ден 17.03.2022 петок, во 13:00 часот на платформата Microsoft Teams е закажана јавна одбрана на магистерски труд на кандидатот Ана Степановска на тема:,, Влијанието на финансиското планирање и управување врз достапните средства за исплата на Националната програма ИПА I 2009 во 2015 и 2016 година''.
Се известуваат студентите дека февруарски продолжен испитен рок ќе се организира во периодот од 28.03.2022-01.04.2022 година. Уплата за испитите ќе се врши во периодот од 16.03.2022 до 23.03.2022 година.
Нa ден 18.03.2022 петок, во 12:00 часот на платформата Microsoft Teams е закажана јавна одбрана на дипломски труд на кандидатот Стефан Јосимовски на тема: „Форензичка анализа на нападнати веб апликации“.
Нa ден 14.01.2022 петок, во 17:00 часот на платформата Microsoft Teams е закажана јавна одбрана на дипломска работа на кандидат Дарко Спиркоски на тема: „ Преглед на предизвиците на 6G мобилните мрежи и симулациска анализа на различни урбани сценарија“.
Почитувани студенти, Ве известуваме дека заверката на летниот семестар за прв и втор циклус на студии започнува од 14.02.2022-25.02.2022 година.
Почитувани студенти АУЕ ФОН организира билатерална конференција “БГМК 2030: Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво (Скопје, 28-29 јануари 2022 г.)”.