Заедничка диплома CIFE NICA

Универзитетот ФОН и Европскиот центар за меѓународно образование од Ница, Франција (Centre International de Formation Européenne – CIFE) воведуваат заедничка студиска програма за Напредни последипломски студии за интеграција во Европската Унија.

Целта на студиската програма е оспособување на студентите со теоретски но и практични вештини за институционалната, правно-политичката и економската рамка на Европската Унија (ЕУ) како и со главните аспекти на интегрирањето на земјите од Западниот Балкан во Унијата. Накратко, таа е наменети за студенти но и за професионалци кои веќе имаат диплома од хуманистички, правни или општествени науки а сакаат да се специјализираат во областа на напредните студии за интеграции во Европската Унија. Програмата во целост се изведува на англиски јазик.

Со студиската програма се стекнува заедничка диплома која ја издаваат ФОН и CIFE.

  • Со целосно реализирана едногодишна студиска програма и стекнати вкупно 60 ЕКТС, односно вкупно 300 ЕКТС од прв и втор циклус студии, студентот се здобива со (научно) звање МАГИСТЕР НА ПОЛИТИЧКИ НАУКИ ОД ОБЛАСТА НА ИНТЕГРАЦИЈАТА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА.
  • Називот на англиски јазик со кој се стекнува студентот по завршувањето на студиската програма е MASTER IN ADVANCED EUROPEAN UNION INTEGRATION STUDIES.

Услови и на кого се однесува:

  • Кандидати со завршени соодветни четиригодишни студии од прв и втор циклус и стекнати 240 ЕКТС
  • Кандидати кои имаат завршено други сродни студиски програми за кои се определуваат дополнителни услови за упис

Поволности:

  • Квалитетно образование по меѓународни стандарди во изведба на врвни европски и домашни експерти
  • Теоретска наобразба но и силен акцент на практичните, програмски и проектни, вештини за работа во ЕУ
  • Можност за посета на најпознатите институции на ЕУ во Брисел, Стразбур и Луксембург.  
  • Заедничка диплома со национална и меѓународна акредитација[1]
  • Нови можности за професионален развој и вработување во институциите на ЕУ

Начин на плаќање

  • Цената на студирањето изнесува 2200 евра, односно 1100 евра по семестар
  • Можност за целосни или делумни стипендии

За подетални инифмации обратете се во Канцеларијата за Меѓународни односи на ФОН

Тел: 02 2445 503;  072 729 592;  www.fon.edu.mk; www.cife.eu  


[1] CIFE е приватна институција во високото образавание со седиште во Ница и канцеларии во Брисел, Берлин и Истанбул која со заедничката диплома го потврдува успешното завршување на академската програма, притоа доделувајќи 60 ЕКТС на магистерско ниво. 

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?